Славната пејачка Бијонсе објави нова песна наречена „Break My Soul“ по 6 години од излегувањето на последниот албум „Lemonade“.
Песната е прв сингл од нејзиниот нов, долгоочекуван албун „Renaissance“, кој ќе биде објавен на 29 јули.
„Се вљубив и дадов отказ. Ќе најдам нешто ново, ме искористуваа. Работам од 9 до 5 и затоа работат моите нерви. Не можам да спијам навечер“, пее Бијонсе во новата песна.
Интересно е што песната доби поделени реакции. Едни се одушевени, други велат дека песната брзо здосадува.
„Break My Soul“ не е песна, туку искуство, ти благодарам Бијонсе“, гласи еден од коментарите.
„Продукцијата звучи евтино и генерично, не е на нивото на нејзиниот стандард“, мисли друга обожавателка.
Дали ви се допаѓа новата песна?