Бил Гејтс: Богатите нации треба да јадат синтетичко говедско месо

Богатите нека заборават на бифтек од говедско месо затоа што Бил Гејтс сака да ја наполнат чинијата со синтетичко месо за да ја зачуваат планетата.

Коосновачот на Microsoft и филантроп го заменил говедското месо со синтетичка варијанта и во интервју за MIT Tech Review тврдеше дека богатите земји треба да го сторат истото.

Иако исхраната со растителни намирници не е одржлива во „најсиромашните 80 земји“, Гејтс вели: „Мислам дека сите богати земји треба да преминат на 100 % синтетичко говедско месо. Може да се навикнете на разликата во вкусот што ќе се подобрува со тек на време.“

Во својата нова книга „How to Avoid a Climate Disaster“ („Како да се избегне климатска катастрофа“), тој вели дека не е тајна дека индустријата предизвикува акумулација на челик и цемент, што ја труе планетата, а тоа придонесува за емисии на штетни гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. Покрај тоа, индустриски одгледуваните крави сочинуваат една третина од сите емисии од добиточно производство. Затоа смета дека треба да се стори нешто.

„Да им кажете на луѓето дека веќе не можете да имате крави ќе биде политички непопуларен пристап. Затоа, заради здравјето на планетата, најдобра опција е да се префрлите на замени за месо“, рече милијардерот.

„Месото одгледувано во лаборатории најверојатно нема да биде крајниот лек за климатската катастрофа. Не знам дали некогаш ќе биде економично. За месото во земјите со среден и висок приход, мислам дека е можно, но тоа е едно од прашањата што треба да се следат со години, па да видиме“, заклучи тој.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе