Бил Гејтс му одржа лекција на Маск за трошењето пари

Вистински филантроп би ги напуштил соништата за Марс за вакцини, вели магнатот на Microsoft.

Коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, верува дека самопрогласената мисија на извршниот директор на SpaceX да го спаси човештвото од изумирање со колонизирање на Марс не е добро искористување на богатството на Илон Маск, кое подобро би било потрошено за цели како масовна вакцинација за да се спасат животите на луѓето на Земјата.

Гејтс рече дека не го смета Маск за вистински филантроп, притоа признавајќи во интервју за BBC објавено во петокот дека некои од неговите напори, како компанијата за електрични возила Tesla, „имаат позитивно влијание“.

„Мислам дека еден ден ќе се приклучи на редот на филантропите користејќи ја својата генијалност“, додаде Гејтс, бидејќи „на крајот на денот“ тој не може да ги потроши сите свои пари на себе, „туку да отиде неколку пати на Марс, што може да чини малку повеќе“.

Гејтс тврдеше дека има повеќе непосредни и итни прашања со кои се соочува човештвото отколку мисија на Марс, како што е масовна вакцинација. „Всушност, прилично е скапо да се оди на Марс“, рече тој во интервјуто. „Можете да купите вакцини против сипаници и да спасите животи за илјада долари по спасен живот. Тоа некако те приземјува, како во – не оди на Марс“.

Двајцата милијардери имаат тензични односи во последниве години и ова не е првпат Гејтс да оди контра креаторот на SpaceX. Во мај, медиумски тврдеа дека фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потрошила милиони во обидот да го блокира Маск да го купи Twitter.

Новиот сопственик на Twitter, пак, го обвини Гејтс за лицемерие. „Извинете, но не можам сериозно да ја сфатам вашата филантропија за климатските промени кога имате огромна непознавање на Tesla“, напиша Маск во протечената приватна порака подоцна потврдена дека е вистинска.

Маск не ја крие својата желба луѓето да го колонизираат Марс, инсистирајќи дека тоа е единствениот начин на кој видот ќе избега од „кризата на масовно истребување“. Во интервју за TED во 2022 година, Маск го претстави својот сон да испрати илјадници ракети Starship на Марс до 2050 година, нарекувајќи ги „модерна Ноева арка“, иако вселенското летало сѐ уште е во својата експериментална фаза.

реклама

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Брук Шилдс: Агаси збесна кога глумев со Џои во Friends

Read more

САД одби да објави снимки од соборените НЛО-а: Тоа е строго доверливо

Read more

Вести

Пресврт - iOS 17 ги носи најбараните функции на iPhone

Read more

Јапонски лендер испрати одлична фотографија од орбитата на Месечината

Read more

Пет планети ќе парадираат на небото неделава: Редок феномен ќе биде видлив од Земјата

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more
 

Гик

Пресврт - iOS 17 ги носи најбараните функции на iPhone

Читај повеќе
  • filter

Јапонски лендер испрати одлична фотографија од орбитата на Месечината

Читај повеќе

Пет планети ќе парадираат на небото неделава: Редок феномен ќе биде видлив од Земјата

Читај повеќе
  • filter

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Читај повеќе

Ватикан ѝ врати на Грција делови од Партенон стари повеќе од 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Electric Dream - графиката никогаш не изгледала толку реално

Читај повеќе

Нови изуми носат нови ветришта: Ќе можеме ли да ја одложиме смртта со помош на технологијата?

Читај повеќе

Бил Гејтс загрижен за вештачката интелигенција

Читај повеќе

Руска компанија претстави конкурент на ChatGPT

Читај повеќе