Лајпциг е подготвен во зимскиот преоден рок да го продаде македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, тврди еден од водечките германски медиуми, Bild.
Елмас од почетокот на сезонава нема никава улога во тимот на Марко Розе. Во Бундеслигата настапи на на само два натпревара, играјќи вкупно 44 минути. Ова е доволен показател дека тренерот не смета на услугите на фудбалерот за чии услуги клубот пред една година на Наполи му плати 24 милиони евра.
Инаку, Елмас нема да игра до крајот на годината поради повредата со која се здоби на натпреварот со Латвија во Скопје, во Лигата на нации.
Bild во својот текст тврди дека намерата на клубот е да го продаде македонскиот репрезентативец, а не да го испраќа на позајмица. Според овој извор, Лајпциг за Елмас би прифатил обесштетување од 15 милиони евра.
Наводно неколку италијански клубови покажале интерес за Елмас, а од претходно се знае дека ситуацијата со македонскиот репрезентативец внимателно ја следат турските великани Фенербахче и Галатасарај.