Билети за натпреварот Еурофарм Пелистер - Нексе за секој кој користи сигурносен појас

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на РСБСП за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците.

Ракометната еуфорија  која деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице имаше своја  „епизода“ и на битолските улици. На општо изненадување на битолчани, вчера во Битола од страна на РСБСП,  МВР и Црвениот крст-Битола, а со поддршка на РК Еурофарм Пелистер, беше организирана превентивно едукативна акција во рамките на кампањата „Стави појас“.

Спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски-началник на сектор за превенција на СВР Битола и  претставници на општинската организација на Црвениот Крст од Битола, вчера на улиците во Битола делеа освежувачи за автомобили и друг едукативен материјал со совети и пораки за тој кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас во возилото.

Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот и кои веќе го имаа ставено појасот беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и по некој дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот.

Акцијата „Стави појас“ продолжува и вечерва,  за време на натпреварот. Сите посетители на денешниот натпревар помеѓу Еурофарм Пелистер и Нексе ќе добијат едукативен материјал и освежувач за автомобил брендиран со боите на клубот и сигурносен појас.

„Стави појас“ - за твоја безбедност! - е пораката која вчера беше испратена до возачите и патниците во Битола.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе