Биното: Шумахер беше природен лидер, Леклер треба да развива такви квалитети

Ф1
МИА
/ 09.12.2020 / 14:25

Шефот на Ферари, Матија Биното, верува дека Шарл Леклер на крајот би можел да стане лидер на тимот каков што своевремено беше Михаел Шумахер.

Според Биното, моменталната ситуација во Ферари е нешто слична на тоа кога тимот се формирал околу Шумахер.

– Понекогаш правам такви споредби. И навистина има некои сличности, несомнено. Ферари направи многу инвестиции од 1995 до 2000 година. Исто така, инвестираме не само во технологија, туку и во луѓе, се обидуваме да ангажираме млади и талентирани инженери. Како што и самите можете да видите, во последниве години, Ферари ангажираше многу млади инженери, кои денес почнуваат да стануваат костур на тимот.

– Во тие денови, Ферари имаше лидер, тоа беше Михаел Шумахер. Денес, ми се чини, имаме лидер во Шарл Леклер. Иако е јасно дека тој не е толку искусен како Михаел, бидејќи тој не е светски шампион. Но, ние имаме тркач кој е лидер на патеката за тимот. И мислам дека целата наша компанија е посветена на постигнување успех и започнување на победнички циклус во иднина, изјави Биното.

– Шарл сега е многу помлад од Михаел тогаш. Како што често се случува, тој треба да се развива, да собере тим околу него. И идниот успех на Ферари ќе зависи од тоа како Леклер ќе се покаже како лидер. Иако ми се чини дека Михаел по природа беше многу силен лидер. Шарл треба да продолжи да развива лидерски квалитети, потенцира Биното.

реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе