Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок тарифите даваат ефекти

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Согласно податоците, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32 проценти помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.

– Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32 проценти заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври, изјавил Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, се наведува во соопштението.

РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел да испрати сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1050 kWh.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе