На собирот на шпанските фашисти упаднаа топлес припадничките на Фемен, па мораше да интервенира полицијата.

Шпанските фашисти организираа јавен собир во чест на диктаторот Франсиско Франко на плоштадот „Ориенте“ во Мадрид. Го истакнуваа и старото знаме на Шпанија, симбол на Франко за една Шпанија на Шпанците исчистена од Каталонци и Баскијци, а беа поддржани и од Католичкото движење.

Активистките на Фемен, кои се борат за правата на жените, упаднаа на собирот со антифашистички слогани испишани по нивните голи тела и извикуваа „Легалниот фашизам е национална пандемија“.

Фашистите на собирот беа снимени како го користат и нацистичкиот поздрав на Хитлер, инаку сојузник на Франко во шпанската Граѓанска војна.

Полицијата ги уапси активистките на Фемен, а оние кои користеа нацистички поздрав останаа несанкционирани.