Поранешната сопруга на Чарли Шин, актерката Брук Милер, неколку пати била во полициска станица во врска со смртта на Метју Пери.
Како што пишува In Touch, откако полицијата во Лос Анџелес (LAPD) заедно со Администрацијата за борба против дрога (DEA) покрена истрага за смртта на актерот Метју Пери, полицајците го посетиле и домот на 46-годишната актерка.
Познато е дека Милер не била дома кога пристигнала полицијата со налогот за претрес, а изворот навел дека таа во тој момент вежбала во природа и дека соработувала со полицајците кога се вратила дома. Иако не била одведена со лисици или уапсена, ѝ биле одземени мобилниот телефон и лаптопот, а познато е дека веднаш ангажирала адвокати.
„Тешко е да се каже или да се знае точно која била нејзината улога во смртта на Метју, но таа тврди дека немала никаква врска со тоа“, рекол изворот.
Изворот, исто така, претходно потврди дека Милер се сретнала со Пери на рехабилитација, но не е познато во кој момент се случило тоа. Инаку, Милер е позната по тоа што од 2008 до 2011 година беше во брак со Чарли Шин, со кој ги има близнаците Боб и Макс.
Таа, исто така, беше на рехабилитација поради нејзините борби со злоупотреба на супстанции и проблеми со менталното здравје, што резултираше со тоа што нивните деца повеќепати беа ставени на привремена нега кај нејзините родители.