Кинеските власти денеска соопштија дека 21 лице загина откако автобус ја пробил заштитната ограда покрај патот и завршил во езеро во југозападниот дел на земјата.
Засега не е позната причината за несреќата.
Инцидентот бил забележан од камерите за сообраќаен видеонадзор. Автобусот ненадејно свртел и завршил во езерото Хонгшан.
Локалните власти соопштија дека се спасени 15 лица и веднаш пренесени в болница, а автобусот бил извлечен од езерото.
Меѓу патниците имало и ученици кои тргнале на приемни испити кои денеска се одржуваат во Кина.