„Бизарно и одвратно“: Твитерџиите „ископаа“ старо интервју со Џенифер Анистон кај Летерман

По повеќе од две децении, твитерџиите „ископаа“ едно заборавено интервју со Џенифер Анистон во шоуто на Дејвид Летерман, за кое корисниците на социјалната мрежа се едногласни дека е едно од најбизарните и најодвратните интервјуа воопшто.

Причината зошто интервјуто беше извадено „од нафталин“ е дискусијата што се отвори по објавувањето на документарниот филм „Framing Britney Spears“, на почетокот на месецов, што го крена на нозе целиот шоубизнис свет.

Освен што прикажува како медиумите, а и некои од главните актери во настаните, манипулирале со раскинувањето на врската на поп-пејачите Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк, претставувајќи ја пејачката во негативно светло и нарушувајќи ја нејзината кариера, филмот укажува на многу поголем проблем во забавната индустрија - дека жените се третирани многу полошо од нивните машки колеги.

Во духот на посочување на проблемот што самиот Тимберлејк го призна, последните недели „испливаа“ разни интервјуа со бројни други пејачки и актерки, а едно од последните е гостувањето на сега 52-годишната Анистон во шоуто на Летерман во 1998 година.

URL

Ѕвездата на серијата „Friends“ беше гостинка во шоуто на американскиот водител, сега 73-годишниот Летерман. Иако од тогаш поминаа повеќе од две децении, многумина сметаат дека тоа интервју е едно од најбизарните досега.

Имено, гостувањето, кое требаше да послужи како промоција на новиот филм на актерката - „The Object of My Affection“ - за само неколку минути се претвори во вистински хорор, покажувајќи го, благо речено, непочитувањето на водителот кон актерката.

Само да пробам нешто

„Извини ако ова е безобразно, ама морам да пробам нешто“, ја прекинува Летерман актерката среде интервју, а потоа ѝ приоѓа, ја фаќа за врат и ѝ го врти лицето кон него, како во позиција за бакнеж. Видно збунетата Анистон, тогаш 29-годишна, веднаш се обидува да се оттргне и да го прекине Летерман (тогаш 51-годишен) во бизарниот потег, па водителот на крај зема прамен од нејзината коса и го држи во уста.

На снимката јасно се гледа колку ѝ е неудобно на Анистон, додека во шок и со видно гадење ја брише плунката на водителот од праменот коса.

Remote video URL
„Бизарно е и одвратно, ми се гади“

„Ова е толку ниско“, „Одвратно е“, „Никогаш не би му направил вакво нешто на маж“, „Бизарно е и одвратно, ми се гади“ се само дел од коментарите на ова заборавено интервју што кружи повторно на социјалните мрежи.

Покрај интервјуто со Анистон, Летерман во текот на неговата долга кариера како водител покажувал непочитување кон гостите и користејќи ја својата позиција како влијателен маж ги понижувал жените прикажувајќи се како супериорен во однос на нив.

URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Филм & ТВ

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе