Бизарно или корисно? Софтвер со кој „музиката ќе те слуша тебе“

Популарната стриминг платформа Spotify патентираше технологија што ѝ овозможува да ги „прислушува“ корисниците и звуците околу нив.

Целта е да ги проверат вашите емоции кога слушате одредена композиција, за да можат да ви понудат соодветна музика во секое време, во зависност од локацијата и вашето расположение.

Имено, софтверот за препознавање говор и анализа на звук, покрај овие податоци, препознава и каде е корисникот. Идејата на Spotify е дека не мора да ја барате музиката што сакате да ја слушате во моментов, туку дека самиот алгоритам ви нуди она што совршено ќе ви одговара според параметрите.

Барањето за регистрација на патентот беше поднесено во 2018 година, а главната причина за оваа идеја беше дека „премногу е да се бара од корисниците да дадат детали за музичкиот вкус“.

Покрај демографијата на корисниците, Spotify ќе може да ги анализира нивоата на стрес, интонацијата на гласот, ритамот и други работи што можат да помогнат да се утврди општата емоционална состојба.

Со помош на „прибирањето“ и на звуците од околината, апликацијата ќе може да препознае дали сте во моментот на прослава, во јавен превоз и слично.

Тагови
реклама

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе