Бизнисмени тврдат дека му дале 350 илјади евра во кеш на Бојан Јовановски

За проектот за изградба на домови за стари лица требаше да платиме 350 илјади евра во готово и 16,1 милион денари на фактура, кажа бизнисменот Ресул Лога, сведочејќи на судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Сведокот Ресул Лога, кој бил менаџер на поранешната компанија „Дрим билдинг”, рече дека соработката со „Меѓународен сојуз” била преку неговиот партнер Адријан Амзовски.

– Проектот беше за меѓународни домови за стари лица. Од разговорите ни беше  кажано дека треба ние да платиме за да го добиеме тој проект. Требаше 350 илјади евра во кеш и 16 милиони и 100 илјади денари на фактура на проект по авторски права на Јасна Мандиќ, рече сведокот Лога.

Прашан дали ги дале парите во готово, сведокот рече да.

– Парите во готово ги дадовме на господинот Бојан, во присуство на мојот партнер Адријан Амзовски и уште еден, мислам Александар се викаше, рече Лога.

Во проектот, сведокот рече дека се приклучил затоа што го разгледал и му изгледал како профитабилен.

– Откако одлучив да се приклучам на проектот присуствував на сите состаноци. На сите беше Бојан, а на некои беа и Јасна, Ременски и други од „Меѓународен сојуз“, рече сведокот Лога.

Домовите, посочи сведокот, беа предвидени да се градат на државно земјиште и тоа имаше обврска да го обезбеди „Меѓународен сојуз“.

- Имавме потполна доверба дека тој проект ќе се реализира и дека во градот ќе има еден европски комплекс за стари лица, рече сведокот Лога, појаснувајќи дека тоа се должело на разговорите и проектот, како и луѓето од влада Фросина Ременски и Александар Кирацовски, кои ги гледале.

Сведокот посочи дека по потпишувањето на договорот исплатиле 15 милиони денари и останеле уште милион и нешто, но по истекот на рокот од 180 дена од договорот тие побарале да им ги вратат средствата.

– Во тој рок требаше да ја обезбедат локацијата и дозволата за градба. Тоа не се испочитува од „Меѓународен сојуз“. Господин Бојан врати 155 илајди евра, рече Лога.

На прашање од одбраната, дали во договорот имало ставка дека за неисполнување на договорот од која било од страните требало да се исплатат пенали од 350 илјади евра, сведокот рече, да, како што стоело во договорот.

Сведокот, на прашање од одбраната, исто така, потврди дека за овој договор се води постапка пред Граѓанакиот суд.

Прашан од Бојан Јовановски, дека не можел да знае колку пари вратил на неговиот партнер Адријан Амзовски, сведокот Лога, рече дека за тоа му верува на својот партнер.

На денешното рочиште, следен треба да сведочи бизнисменот Адријан Амзовски.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

За случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе