Блинкен и Борел бараат почеток на преговори за Северна Македонија без одлагање

Брисел, 20 октомври 2021 (МИА) – Кабинетот на шефот на ЕУ дипломатијата ги објави деталите од средбата помеѓу Жосеп Борел и неговиот американски хомолог Ентони Блинкен и нивните пораки за Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.

Првите дипломати на ЕУ и на САД ја повториле нивната целосна поддршка за процесот на проширување на Унијата кон Западниот Балкан со цел „зајакнување на демократските институции, заштита на темелните права и унапредување на владеењето на правото“.

Интеграцијата на регионот во ЕУ ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан, се согласиле Борел и Блинкен кои се сретнаа минатата недела во Вашингтон за да разговараат за најголемите предизвици во областа на меѓународната политика за ЕУ и САД.

– Во овој контекст истакнуваме дека преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија треба да започнат без одлагање, стои во соопштението од средбата.

Двајцата дипломати се осврнале и на ситуацијата помеѓу Косово и Србија, за кои единствено решение, според нив, е дијалогот под водство на ЕУ.

-По неодамнешните тензии на северот на Косово ги охрабруваме двете страни да се ангажираат во постојана и одржлива деескалација и да избегнуваат дела кои ја загрозуваат стабилноста, порачуваат Борел и Блинкен.

Изразија поддршка за борбата против корупцијата на косовските власти, но и дека секакво насилство кон цивили, новинари, полицајци и други власти е неприфатливо.

Што се однесува до Црна Гора, ЕУ и САД бараат сите политички сили да соработуваат за да ја задржат ориентацијата што ја бара црногорскиот народ и да продолжат со остварување на ЕУ реформите.

Конечно за Босна и Херцеговина, Брисел и Вашингтон ја повториле нивната цврста заложба за заштита на територијалниот интегритет на оваа земја.

-Сериозно сме загрижени за сѐ пополаризираната реторика во БиХ. Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат и штитат државните институции, да се вратат на конструктивен дијалог и да преземат чекори за напредок на патот кон ЕУ интеграција, вклучително и во релевантните реформи.

ЕУ и САД им стојат на располагање на властите во БиХ за да им помогнат во преземање на тие чекори, порачаа Борел и Блинкен.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе