Блинкен: Нема значителен напредок во преговорите меѓу САД и Русија за украинската криза

САД и Русија денеска не постигнаа значителен напредок во преговорите за украинската криза, но сега се на „појасен пат“ кон разбирање на ставовите на другата страна, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева.

Блинкен изјави дека денешниот разговор со Лавров бил „искрен и значаен“ и додаде дека тој презентирал неколку идеи на Вашингтон за зголемување на безбедноста и за тоа во кои области двете страни можат да најдат заеднички јазик.

– Не очекувавме дека денеска ќе има некои големи придвижувања, но верувам дека сега сме на појасна патека кон разбирање на позицијата на другата страна, рече Блинкен.

Тој изјави дека Лавров повторно инсистирал на тоа дека Русија не планира инвазија на Украина, но додаде дека САД и нивните сојузници не се убедени во тоа.

– Го гледаме она што е видливо за сите, клучни се делата и постапките, а не зборовите, рече американскиот државен секретар.

Лавров рече дека состанокот бил „конструктивен и корисен“ и додаде дека САД се согласиле писмено да ѝ одговорат на Москва следната недела на барањата за неширење на НАТО кон Украина и другите поранешни советски републики.

Блинкен навести нова средба со Лавров веднаш по доставувањето на американскиот одговор на барањата на Русија.

Лавров одби да го коментира американското ветување дека следната недела ќе достави писмен одговор на барањата на Москва.

– Не можам да кажам дали сме на добар пат или не. Тоа ќе го знаеме кога ќе добиеме писмен одговор од САД на сите наши предлози, рече Лавров.

Блинкен рече дека САД ќе бидат отворени за средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, доколку таа е „корисна и продуктивна“.

САД и сојузниците во НАТО повеќе пати предупредија дека Русија ќе се соочи со „тешки последици“ во случај на инвазија, како што се остри економски санкции, но не и воена акција.

Блинкен денеска го повтори предупредувањето пред разговорите со Лавров, велејќи дека САД и нивните сојузници се посветени на дипломатијата, но дека ќе одговорат „обединето, брзо и остро доколку тоа се покаже невозможно и ако Русија одлучи да започне агресија против Украина“.

Блинкен и Лавров се сретнаа во обид да ги намалат тензиите, во услови на зголемена загриженост дека Русија би можела да изврши инвазија на Украина.

Тензиите се зголемија бидејќи Русија распореди околу 100.000 војници и тешко оружје во близина на границата со Украина. Киев и Западот стравуваат дека трупањето на руските сили во близина на Украина значи дека Москва подготвува инвазија.

Иако негира дека планира напад врз соседна Украина, Москва побара НАТО да се обврзе дека нема се шири во земјата и другите поранешни советски републики, да не распоредува оружје на тие територии и да ги повлече силите на алијансата од Централна и Источна Европа.

Вашингтон и неговите сојузници одлучно ги отфрлија барањата на Москва на минатонеделните разговори меѓу претставници на Русија и на САД и НАТО.

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повтори тие барања, додека Стејт департментот објави три документи, обвинувајќи ја Русија дека се обидува да го обнови поранешниот Советски Сојуз со заплашување и употреба на сила.

Руското Министерство за надворешни работи ги исмеа тие тврдења, наведувајќи дека очигледно ги подготвило „Министерството за вистина на Орвел“, алудирајќи на познатиот роман „1984“ на британскиот писател Џорџ Орвел.

Лавров рече дека „се надева оти не сите во Стејт департментот работеле на тие материјали и дека имало и некои кои работеле на суштината и содржината“ на руските предлози.

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли тврдењата на САД дека се залага за обнова на советската империја и зоните на влијание во Источна Европа, наведувајќи дека Западот е тој што размислува во категориите зони на влијание.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе