Bloomberg: Кина прикажувала лажни бројки на заразени и смртни случаи од коронавирус

Кина криела за големината на епидемијата во земјата и прикажувала некомплетни бројки на заразени и смртни случаи, се дознава од извештај на американските разузнавачи, објави Bloomberg.

Весникот укажува дека официјалните лица се анонимни и одбиле да дадат повеќе детали бидејќи извештајот е строго доверлив, но посочиле дека Кина во јавноста пуштала некомплетни бројки на случаи на заразеност и смрт од коронавирусот. Во извештајот се заклучува дека податоците што Кина ги давала се лажни.

Извештајот бил поднесен во Белата куќа минатата недела.

Кина прикажа околу 82.000 заразени лица и околу 3.300 смртни случаи, според податоци на институтот „Џон Хопкинс“. Во САД досега им речиси 213.000 заразени луѓе и над 4.750 починати.

Изданието укажува на извештаи за илјадници наредени урни со пепел во близина на мртовечници во провинцијата Хубеи, по што се појавил сомнеж во јавноста за бројките објавени од официјален Пекинг.

Дебора Биркс, имунолог и член на координативното тело на Белата куќа за борба со коронавирусот, изјави дека кинеските објави во јавноста влијаеле на претпоставките насекаде во светот за карактерот на вирусот.

-Лекарската заедница ги интерпретираше податоците од Кина на овој начин: ова е сериозно, но не толку големо колку што може да се очекува. Но најверојатно информацијата не беше комплетна, судејќи соред тоа што сега се случува во Италија и во Шпанија, изјави Биркс на редовниот брифинг во Белата куќа.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс истакна „она што сега е евидентно е дека светот научи многу подоцна од декември, можеби еден месец подоцна, дека Кина се справува со епидемија“.

-Тврдењето дека смртноста од коронавирус во САД е поголема отколку во Кина е неточно. И без да се коментираат доверливи материјали, болната вистина е следна: кинеската Комунистичка партија лажеше, лаже и ќе продолжи да лаже за коронавирусот за да го заштити режимот, изјави Бен Сес, млад сенатор републиканец од Небраска.

Кина не е единствена осомничена земја. Според изданието, случаите на коронавирус се прикриваат и во такви земји како Иран, Русија, Индонезија и посебно Северна Кореја, која нема јавено ниту за еден случај на заболеност.

Постои сомнеж дека намалени бројки прикажуваат и Саудиска Арабија и Египет. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more
 

Вести

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе