„Blue Lives Matter“ контра протест во Њујорк
Како поддршка за полицијата во Њујорк се одржа протест под мотото „Blue Lives Matter“ (Сините животи се важни).
Демонстрациите во САД и натаму продолжуваат. Сега се појави друг контра-протест на првичните „Black Lives Matter“ и тоа со цел да ѝ се даде поддршка на полицијата која секојдневно се справува со најразлични ситуации со кои полицајците на ризик го ставаат сопствениот живот.
Стотици граѓани се собраа во населбата Порт Џеферсон во Њујорк да им дадат поддршка на момците во сино кои се најдоа на тапет поради инцидентот со Џорџ Флојд.