BMW го претстави новиот X7 Dark Shadow Edition
Производството на лимитираното издание на најголемиот SUV на BMW кој настана на платформата на моделот X7 M50i, започнува наредниот месец.
Овој модел е одговор на Mercedes-Benz GLS, а доаѓа во комбинација со пакет опрема Dark Shadow Edition која со себе го носи опремениот SUV со 7 седишта. Овој модел ќе биде произведен само во 600 примероци.
Овој „ѕвер“ го придвижува 4,4-литарски V8 мотор со 550 коњски сили и 750 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 4,5 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.
Цената за купувачите во Европа изнесува околу 126.000 евра.