BMW го претстави првиот електричен модел i4 M50
BMW го претстави својот прв електричен модел со ознака М.
Овој модел е заснован на електричната лимузина i4, a го движи електричен мотор со 544 КС и 795 Nm максимален вртежен момент.
Во однос на стандардниот i4, M50 доби дигитален екран со дијагонала од 10,4 инчи и 14,7 инчи.
Од 0 до 100 км/час забрзува за само 3,9 секунди, а максималната брзина изнесува 225 км/ч.
Потребни се 7 часа за целосно полнење на батеријата.
BMW i4 M50 ќе чини околу 70,000 евра, а во продажните салони пристигнува наесен.