BMW ја претстави новата Серија 4
Новата генерација Coupé на BMW е заснована на платформата на актуелната Серија 3 и во продажба пристигнува во октомври.
Најголемите промени на каросеријата се направени на маската на ладилникот, која на многумина не им се допаѓа. Сепак, сите се согласуваат дека BMW направи Coupé кое е сериозна конкуренција на сличните модели на Audi и Mercedes.
BMW новата Серија 4 за почеток ќе ја понуди само како Coupé, а на врвот на понудата ќе биде верзијата М4.
На врвот на понудата е моделот М440i xDrive чиј трилитарски redni 6-цилиндричен биттурбо мотор, со асистенција на хибридната технологија, располага со 385 коњски сили и 500 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 4,5 секунди.
За купувачите во Европа BMW ќе ја понуди новата Серија 4 во комбинација со турбодизел мотор кој се крие зад ознаката 420d, 430d и 440d.
Почетната цена во Германија изнесува 45.800 евра.