Во последно време многу се зборуваше за новиот BMW M5 и неговата тежина, а сега стана новиот safety car (безбедносен автомобил) во MotoGP и дебитираше на Големата награда на Сан Марино минатиот викенд.

Во последните 26 сезони на MotoGP, BMW отсекогаш имал безбедносни автомобили, а M5 сега се приклучува на долгата листа на други модели на BMW M што се користеле низ годините.

Претходно, улогата на safety car ја имаа моделите M2, M3 Touring и XM Label Red во првиот дел од тековната сезона, но BMW очигледно сака да му покаже на светот дека и неговите најтешки креации се на висина на задачата на патеката.

BMW ја украси надворешноста на безбедносното возило со специјална боја инспирирана од M хибридниот тркачки автомобил за издржливост, во кој доминира мат црната боја, која е комбинирана со површини од бела, сина, црвена и виолетова. Автомобилот навистина изгледа „опасно“, особено поради масивните лакови на тркалата.

Добитникот на овогодинешната награда BMW M Award ќе добие и нов М5. Секоја година оваа награда оди кај возачот со најдобри резултати во квалификациите.

Натпреварот се одржува повеќе од 20 години, но ова е само втор пат електрифициран М модел да биде главната награда. Минатата година Франческо Бањаја го доби новиот BMW XM Label Red.

Последната генерација на моделот М5 е придвижувана од 4,4-литарски твин-турбо V8 мотор, кој развива 585 КС и 750 Nm вртежен момент. Помогнат е од хибриден систем со електричен мотор, така што вкупната моќност всушност изнесува 727 КС и 1.000 Nm.



