Боб Дилан по 8 години објави нова песна
Музичарот Боб Дилан објави песна од 17 минути за убиството на американскиот претседател Џон Кенеди. Тоа е првата песна издадена во последните 8 години.
Песната „Murder Most Foul“ повеќе личи на поема која Дилан бавно ја изговара во придружба на музички инструменти отколку на класична песна со стихови и рефрен.
Главната тема е денот кога е убиен Кенеди, 22 ноември 1963 година. Боб Дилан последниот албум го издаде во 2012 година.