ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2021

Бобан Николов кариерата ја продолжува во Лече

Македонскиот фудбал доби уште еден претсавник на Чизмата откако денеска Бобан Николов пристигна на медицински прегледи во таборот на второлигашот Лече.

Репрезентативниот играч од средниот ред се очекува утре да биде промовиран како ново зимско засилување на Лече, тим кој сезонава се натпреварува во Серија Би откако лани испадна од А.

Николов, чиј договор со унгарскиот тим Фехервар истекува во јуни, во Лече доаѓа за отштета која засега е непозната. Неговата пазарна вредност според Transfermarkt е 750 илјади евра.

Бобан е дете на штипска Брегалница, а уште како млад замина за Романија каде настапуваше за академијата на Георге Хаџи пред да се пресели во Вииторул. Од 2015 беше во Вардар со кој играше и во групите од Лига Европа, а зимата 2018 отиде во унгарскиот Фехервар од каде сега заминува по двегодишен престој.

Лече денеска го промовираше младиот Данец Мортен Хјулманд, кој игра на истата позиција како и нашиот Николов, односно дефанзивна средина. Денеска пристигна и ветеранот дефанзивец Фабио Пизакане, кој како и Николов, треба да биде претставен утре. Клубот прави напори да состави добар тим за продолжението од сезоната бидејќи е со амбиции експресно да се врати во Серија А. По 18 кола Лече е 5-ти на табелата со 8 бодови помалку од лидерот Емполи. Првите два тима одат директно во А, додека третиот ќе се одлучи со бараж.

Македонската колонија во Италија сега се зголеми на петорица, но во Лече Николов има друштво бидејќи од летоска таму стандарден првотимец е латералниот бек Леонард Жута. Тој е и поранешен соиграч на Николов од репрезентацијата на Македонија, но веќе две години не е на списокот на селекторот Ангеловски.

Шанса за деби во жолто-црвениот дрес Николов ќе има веќе в недела кога Лече го пречекува токму Емполи.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе