Boeing е во криза, но уште е конкурентен на пазарот

Американскиот авиопроизводител Boeing уште е силен конкурент на европскиот Airbus, иако се соочува со една од најголемите кризи во своето постоење.

По двете фатални авионски несреќи во пет месеци, бестселерот на компанијата, Boeing 737 Max, пред две недели беше приземјен ширум светот.

Кина завчера склучи бомбастичен договор за 300 патнички авиони со ривалот Airbus, што беше голем пораз за Boeing.

Моделот 737 Max е во директна конкуренција со A320 на Аirbus. Кина нарача 290 вакви авиони од европскиот производител.

Но, Boeing и неговиот 737 Max сепак ќе поминат добро на крај. Повеќето експерти претпоставуваат дека 737 Max ќе се врати на нормалната побарувачка откако Boeing ќе понуди ажурирање на софтверот во следниве неколку недели. Boeing смета дека ќе ги поправи проблемите со автоматскиот систем за безбедност што е во фокусот на истрагите за двете авионски несреќи.

Лани Boeing имаше 675 нето нарачки за авиони 737 Max и додаде 13 нови клиенти за авионот. Со тоа ја надмина бројката од 541 нето нарачка за различните верзии на Airbus A320. Меѓутоа Airbus има вкупно 6.000 нарачки за A320, а Boeing околу 5.000 за 737.

Двете авиокомпании се во „мртва трка“ за тронот, но истовремено се и единствените кандидати.

Треба да се има предвид дека кога една авиокомпанија ќе го направи изборот на типот на авиони што ќе го користи, не е лесно да се префрли на друг производител. Обуката за пилотите, одржувањето и набавката на резервни делови за авионите ќе бидат многу поскапи за авиокомпаниите ако го прават тоа за два различни производители или ако направат пресврт кон друга компанија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе