Бојко Борисов: ГЕРБ дава 59 гласа за поддршка на „францускиот предлог“ за Северна Македонија

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов денеска го повика претседателот на Владата на Бугарија, Кирил Петков до Народното собрание на земјата официјално да го достави предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокада на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на вонреден брифинг во седиштето на ГЕРБ, Борисов изјави дека Пратеничката група на неговата партија, која брои 59 пратеници, ќе го поддржи „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница.

– Предлогот на француското претседателство со ЕУ за Северна Македонија е најдобар, рече Борисов, согласувајќи се со претходно дадената изјава на претседателот на Бугарија, Румен Радев околу предлогот на Франција.

Радев претпладнево од Пловдив порача дека „францускиот предлог“ е најдобар за Бугарија, но дека бугарските политичари не треба да брзаат да прогласат историска победа, бидејќи предложените документи не даваат доволно гаранции за заштита на интересите на Софија.

Борисов, од своја страна, предложи „францускиот предлог“ да биде усвоен со големо мнозинство во Народното собрание на Бугарија со поддршка на пратениците од владејачките партии Продолжуваме со промената на Петков и Демократска Бугарија (ДБ) и опозициското Движењето за права и слободи (ДПС).

Според Борисов, поддршката на предлогот на француското претседателство е најдоброто решение за „иднината на Балканот, ЕУ и за Бугарија“.

Борисов, при тоа, ја прочита и одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква со која ја признава Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и стапува во канонско единство со неа, споредувајќи го ваквото решение со ставот на ГЕРБ за поддршка на „францускиот предлог“.

– Нема да останеме во темната страна на Евроазија и нема да дозволиме путинизација, дециден беше Борисов, најавувајќи дека ГЕРБ во Собранието ќе ги поддржи сите решенија од агендата на Бугарија со кои ќе се гарантира нејзината евроатлантска ориентација, како што се приклучувањето кон Еврозоната, проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан и зајакнувањето на улогата на НАТО.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе