Боки 13 во „Рекет“: Се чувствувам како политички затвореник

Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) – Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното судско рочиште изјави дека се чувствува како политички затвореник и дека вистината за случајот ќе се дознае само ако има правичен процес.

Доколку Судот носи одлуки под притисок, како што истакна тој, не исклучува да штрајкува со глад.

-Го молам Судот да носи одлуки без странични закани и притисоци. Денеска испратив писма до амбасадорите на САД, ЕУ и Франција - Брнс, Жбогар и Тимоние -  како и до  Хелсиншки комитет и побарав посета од нив во затворот, рече Јовановски пред судиите.

Тој се пожали на здравствената состојба и нееднаквата положба пред Уставот и законите. До овој момент, како што кажа, нема забелешка на Судечкиот совет иако, како што додаде, се чувствува како лице на кое се тренира правда.

По ова Јовановски доби препорака од судијата Васка Николовска – Масевска да се пожали до институциите. Таа му рече дека ги уважуваат медицинските белешки во кои се вели дека има здравствени проблеми, но не толку големи.

На денешното рочиште сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска, која рече дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Јордан Камчев, обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“, по налог на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Во СЈО, како што кажа Јосифовска, била изработена процедура во која вработените ги доставуваат сите документи до кабинетот на Јанева и откако од службите ќе ги добиле назад значело дека Јанева ги одобрила, а таа и обвинителката Ленче Ристовска ги потпишувале кога Јанева била отсутна.

 

На 2 мај, како што додаде, токму затоа го потпишала мислењето со кое се уважува барањето на одбраната да се даде согласност за издавање времена патна исправа за обвинетиот Камчев.

– Документот не дојде на вообичаениот начин преку шефот на кабинетот на Јанева, туку ми го донесе стручен соработник кој работеше во тимот на обвинителката Лиле Стефанова. Бидејќи не дојде од шефот на Кабинетот, Сања Димоска ми рече дека била повикана и и рекле да го изготви јавното мислење и да ми го достави, рече Јосифовска.

Таа веднаш ја контактирала Стефанова по телефон, која и рекла дека не е запознаена, по што ја контактирала телефонски и Димоска. Димоска пак и одговорила дека и го доставиле предметот заради итност по налог на Јанева. Иако Стефанова била против, посочи, немала избор и морала да го потпише мислењето. Во документот не смееле да менуваат ништо што е суштинско, туку само да исправаат технички грешки што и го направила. Како образложение за барањето за патната исправ стоело дека Камчев треба да оди во Аџибадем во Турција и на некоја обука.

Досега освен Јордан Камчев во судот за „Рекет“ сведочеа и неговата сопруга, Ана Камчева, бизнисмени, поранешен новинар во 1ТВ, како и куќната помошничка на првообвинетиот, Бојан Јовановски –  Боки 13.

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 20 јануари.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе