Болидот на Шумахер продаден за рекордни 14,8 милиони долари

Ф1
Б.С.Б.
/ 10.11.2022 / 09:20

Болидот на Ferrari F2003-GA, со кој Михаел Шумахер ја освои шестата светска титула во Формула 1, беше продаден за рекордна сума од 14,6 милиони швајцарски франци или 14,8 милиони долари.

Во 2003 година, Шумахер ја освои титулата по тешка борба со Кими Раиконен од Мекларен и Хуан Пабло Монтоја од Вилијамс. Германецот постигна шест победи во сезоната и заработи два бода повеќе од главниот ривал.

„Развиен е од двајцата инженери Рори Бирн и Рос Браун, кои одлучија да направат подолго меѓуосовинско растојание за подобра аеродинамика“, вели Винсент Луизи, задолжен за продажба на луксузни автомобили во аукциската куќа Sotheby's.

Со овој болид Шумахер во сезоната 2003 година оствари пет победи и тоа во Шпанија, Австрија, Канада, Италија и САД.

Шумахер зад воланот на овој болид освои шест титули, додека Ferrari стигна до петтата титула во конкуренција на конструктор.

F2003-GA требаше да се продаде за 9,3 милиони долари, но износот значително се зголеми по 40-минутната понуда.

Претходниот рекорд за продажба беше поставен пред пет години, кога Ferrari F2001 достигна вредност од 7,5 милиони долари.

Најскапиот автомобил во светот останува Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupé од 1955 година, направен во само два примерока. Во мај оваа година беше продаден за 142 милиони долари. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе