УЕФА ЕУРО 2020

Бонучи: Австрија е подобра од досегашните наши противници

Дефанзивецот на Италија упати низа пофалби кон вечерашниот противник оквалификувајќи ја репрезентацијата на Австрија како подобар тим од Турција, Швајцарија и Велс.

„Имаме најголема почит кон Австрија, располагаат со свежина во играта и физички се способни да одиграат добар натпревар“, почна Леонардо Бонучи на официјалната прес-конференција.

Италија и Австрија играат вечер од 21 часот на „Вембли“ во Лондон. „Аѕурите“ важат за големи фаворити и се очекува да излезат како победници и да продолжат во четвртфиналето бидејќи се и меѓу кандидатите за пехарот. Но, тоа ќе мора да го докажат на теренот.

„Ние сме самоуверени, дури и да не можеме да го насочиме нашето целосно внимание кон некого. Со Австријците мора да бидеме многу внимателни во однос на деталите, ќе ја почитуваме Австрија, но мора да ја играме нашата игра“, додаде Бонучи кој во репрезентацијата доаѓа од редовите на Јувентус.

Италија во групата А оствари перфектен скор од три победи и без примен гол. Турција и Швајцарија ги победи со по 3:0, додека над Велс славеше со минимални 1:0, но на тој натпревар селекторот Роберто Манчини настапи со комбиниран состав, одмарајќи дел од првотимците.

„Австријците се подобри од трите репрезентации со кои се соочивме досега: тие имаат германски начин на игра, агресивни се и напаѓаат со контри, држат високо темпо, прават висок пресинг. Тие се ниво над останатите“, рече тој.

„Ние никогаш не сме рекле дека се чувствуваме супериорни во однос на било кого. Веруваме во патот кој го одбравме со тренерот Манчини, а резултатите го покажуваат тоа, но доколку го спуштиме фокусот и желбата за пожртвуваност, тогаш ќе станеме обична репрезентација. Клучно е да бидеме целина“, заврши Бонучи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе