ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Бонучи секогаш победува во Лион: Овој град ми буди убави спомени

Столбот во одбраната на Јувентус ветува добар натпревар за италијанскиот шампион на вечерашното гостување кај Лион.

Јувентус натпреварот ќе влезе после две последователни победи против СПАЛ и Бреша. Покрај победите, двата натпревара беа добри и за дефанзивата бидејќи прими само еден гол и тоа од белата точка.

„Во овој натпревар влегуваме одморени и одлучни. Доаѓаме по два позитивни натпревари кои нѐ наполнија со ентузијазам и подготвени сме за одлична партија против една добра екипа“, почнува Леонардо Бонучи.

По шестмесечното отсуство поради повредата на коленото, назад во тимот е ветеранот Џорџо Кјелини кој веќе играше на последните два натпревара, иако не цели 90 минути.

„Одлична вест за сите нас е тоа што го имаме Кјелини назад во тимот. Тој има харизма, тој е наш лидер од кого сум научил многу. Со него можам да ја поделам одговорноста бидејќи сме двајца кои сакаат да им помагаат на соиграчите и да даваат насоки за време на натпреварите“, вели задоволниот Леонардо.

Не е првпат Јувентус да гостува во Лион. Досега двапати играле во овој град против истоимениот противник и секогаш победувале, иако со минимални 0:1. Првиот пат, во 2014, токму Бонучи беше стрелец на победничкиот гол. А, пак, на ЕУРО 2016 Италија со 2:0 ја совлада Белгија, Бонучи повторно настапи.

„Овој град ми буди многу пријатни спомени како играјќи за Јуве, така и за националниот тим. Ова е вистинското место за да покажеме дека кога доаѓа правиот момент, Јуве се покажува на дело. Стигнавме до осминафиналето два натпревара предвреме, први сме во Серија А и сме во игра во Копа Италија. Не знам што повеќе би се очекувало од Јуве во овој дел од сезоната, но тешко ни беше да направиме нешто повеќе. Сега започнува нова фаза и сме подготвени да ја доживееме со огромен ентузијазам и желба да одиме до крај“, заврши централниот дефанзивец.

Средбата е вечерва со почеток од 21 часот на стадионот „Групама“, а правдата ќе ја дели Шпанецот Хесус Хил Мансано.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе