Бонучи среќен што се врати дома, навивачите го исвиркаа

Торино, 3 август 2018 (МИА) - Италијанскиот репрезентативец Леонардо Бонучи предизвика контроверзни емоции при неговото враќање во Јувентус.

Дел од навивачите на „старата дама“ се задоволни дека Лео повторно ќе биде дел од тимот, но други не можат да му простат затоа што пред една година избра да премине во Милан и во дербито помеѓу двата тима се израдува бурно по голот против „бјанконерите“.

При пристигнувањето на аеродромот вчера тој не беше пречекан од приврзаници на Јуве, а подоцна подели неколку автограми и се сликаше со неколку навивачи пред медицинските прегледи. Сепак, имаше и свирежи и навреди на негова адреса. Некои од поддржувачите иронично извикуваа: „Ние сме тука за Роналдо, каде е Роналдо?“

Но, самиот Бонучи е многу задоволен што ќе игра за Јуве.

„Беше тешко да замислам дека тоа може да се случи, но фантастично е дека веќе е факт. Јас сум возбуден. Торино е мојот дом и јас сум многу среќен што повторно сум тука“, изјави дефанзивецот пред официјалниот канал на клубот на Јутјуб.

Бонучи освои шест последователни титули со Јувентус, но по крајот на сезоната 2016/17 се скара со тренерот Масимилиано Алегри и сензационално потпиша со Милан.

Сега тој се враќа на „Алијанц“ стадионот, а во обратна насока презеде Матија Калдара.

 

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе