УЕФА ЕУРО 2020

Бонучи за глумата на Имобиле: Радоста за голот го излекува

Голгетерот на Лацио беше цел на лавина критики за инцидентот, но заменик-капитенот на „Аѕурите“ на смешен начин го опиша неговото експресно опоравување.

За време на четвртфиналниот дуел помеѓу Белгија и Италија, освен одличната победа на „Аѕурите“, во центарот на вниманието се најде и Чиро Имобило и неговиот обид за глума за пенал, а потоа експресното опоравување.

Во 31. минута Имобиле падна во белгискиот шестнаесетникот по еден контакт со капитенот Јан Вертонген и остана да се привиткува откако судијата не ја прекина играта. Но, во продолжението на акцијата Николо Барела постигна гол носејќи ѝ водство на Италија од 1:0.

Како што сите италијански фудбалери тргнаа по стрелецот да му се радуваат на голот, Имобиле заборави на повредата, рипна на нозе и дотрча да слави како ништо да не му се случило. Тоа само потврди дека немал никаква повреда туку се обидувал да изнуди пенал.

„Тоа се работи кои се случуваат на терен. Чиро почувствува удар и реши да падне“, објаснува Леонардо Бонучи.

„Потоа, радоста за гол на вакви натпревари е толку голема што те тера да заборавиш било каква болка. Му се смеевме и го зафркававме за тоа, но толку беше за нас, потоа заборавивме на тоа“, додава тој.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе