Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер

Државна лотарија со задоволство најавува нова игра за забава и добивки, овојпат во вид на бонус игра за учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер коишто своите среќни броеви ги уплаќаат преку веб-страницата www.loto.mk.

Можноста за учество е веќе отворена и ќе трае заклучно со 12 март. Во тек на овој период, секоја седмица, во лото емисијата, ќе се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто ќе биде поканет да биде специјален гостин во телевизиското студио на Лото 7. Гостинот, во живо, ќе врти тркало на среќата со можност да освои парична добивка со вредност од 50.000, 100.000 или 150.000 денари. Согласно правилата на бонус играта, гостинот не може да си замине дома без добивка или со добивка помала од 50,00 денари.

Право за учество во бонус играта има секое полнолетно лице коешто во периодот на нејзиното времетраење ќе изврши уплата за игрите на среќа Лото 7 и Џокер преку веб-страницата www.loto.mk (по претходна регистрација). Од базата на податоци секоја среда, почнувајќи од 27 октомври, ќе се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто своите среќни броеви ги уплатил во период – од среда 19:01 часот заклучно со  следната среда (до 19:00 часот). Едно неделно коло на бонус играта опфаќа две кола Лото 7/Џокер. За учество во бонус играта доволна е и една онлајн уплата во тек на една седмица, а едно исто лице не може да добие различни ID-броеви доколку повеќепати учествува. Со внимание кон сите правила за безбедно и одговорно приредување на оваа бонус игра, Државна лотарија извлекувањето ќе го реализира по електронски пат со помош на генератор за случаен избор на броеви и во присуство на комисија. Извлекувањето ќе се одвива во ТВ емисијата, името на извлечениот гостин ќе го видиме на екранот, а истиот ќе биде уредно контактиран врз основа на неговите податоци внесени во апликацијата при регистрација. Нашиот гостин ќе го очекува навистина забавен престој во студиото на Лото 7, дружење и време за паметење и секако добивка до 150.000 денари.

Во тек на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да добие 50.000, 100.000 или 150.000 денари.

Remote video URL

Ги покануваме сите коишто играле и уплаќале Лото 7 и Џокер, а досега не се регистрирани за учество преку страницата www.loto.mk, да ја искористат оваа можност со којашто добиваат и комодитет на игра и уплата од дома или од кое било друго место, а секако и безбедност во време на корона-вирус и во време на други вируси и настинки.

Ги покануваме и сите коишто досега воопшто и не размислувале да учествуваат во игрите Лото 7 и Џокер, да ја отворат нашата веб-страница и да си ги отворат можностите за радост и изненадување, со само 20 денари за комбинација и само 5 минути одвоено време.

Нашите игри на среќа менуваат животи, не само за добитниците туку и за сите оние коишто се крајни корисници на општественоодговорните цели во коишто се инвестира со секоја нова уплата.

Повеќе податоци на www.loto.mk.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе
  • play_arrow

По петгодишна пауза се активира Plavi orkestar

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе