ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Борба за ЛШ во Премиер лигата: Кој со кого до крајот?

Филип Здравески
/ 10.05.2021 / 19:53

Не само во Калчото, туку и на Островот борбата за преостанатите места во Лигата на шампионите е крајно неизвесна и ќе се решава во последните три кола.

Двата клуба од Манчестер, ривалите Сити и Јунајтед веќе ги резервираа своите места во европската елита, но преостанатите две места се во отворена борба за која во игра се четири клуба.

Третопласиран и во одлична форма е Челси кој до крајот има два домашни натпревари од кои еден со директниот конкурент Лестер. Но, Челси, за разлика од останатите клубови, треба да одигра и две финалиња од кое првото, она во ФА купот е веќе в сабота против, повторно, Лестер, додека она поважното, во Лигата на шампионите е по завршувањето на сезоната во Премир лигата.

Челси:
Арсенал (дома)
Лестер (дома)
Астон Вила (гости)

Двата кикса со Саутемптон и Њукасл го пратија Лестер на 4. место и навестија завршница како онаа лани кога тимот во последните кола излезе од местата кои водат во Лигата на шампионите. Лестер киксираше против послабите, па сега го очекува пеколен распоред до крајот, плус ФА куп финалето со Челси.

Лестер:
Манчестер Јунајтед (гости)
Челси (гости)
Тотенхем (дома)

Изненадувањето на сезоната Вест Хем досега можеше да биде меѓу првите четири, но на последните четири натпревари претрпе дури 4 порази. Има 5 бодови зад 4. место, но вкупно 9 бодови се во игра, па шанси постојат бидејќи има и полесен распоред, иако двапати гостува.

Вест Хем:
Брајтон (гости)
Вест Бром (гости)
Саутемптон (дома)

Ливерпул има сезона за заборав, а неизборувањето место во елитата ќе биде голем удар за клубот кој пред две сезони беше на чело на Европа. Со 57 бодови има дури 6 заостанување зад Лестер, но предност за „Црвените“ е тоа што имаат и еден заостанат натпревар, па кај нив во игра наместо 9 се 12 бодови.

Ливерпул:
Манчестер Јунајтед (гости)
Вест Бром (гости)
Барнли (гости)
Кристал Палас (дома)

Освен овие, теоретски со шанси се и Тотенхем и Евертон, иако реално тешто дека ќе успеат да победат сѐ до крај, а ривалите пред нив на табелата да киксираат цело време. Евертон има 4 натпревари до крај, па со 12 бода во игра е во подобра позиција од Тотенхем.

Тотенхем:
Вулверхемптон (дома)
Астон Вила (дома)
Лестер (гости)
Евертон:
Астон Вила (гости)
Шефилд Јунајтед (дома)
Вулверхемптон (дома)
Манчестер Сити (гости)
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе