1.МФЛ 2020/21

Борец го совлада Вардар на отворањето од новата сезона во 1.МФЛ

Филип Здравески
/ 08.08.2020 / 19:38

Десеткуваниот Вардар загуби на домашен терен од велешки Борец во натпревар кој ја отвори новата сезона од најквалитетната македонска фудбалска лига.

По цели 5 месеци пауза поради прекинот на ланската сезона, клупскиот фудбал во Македонија конечно продолжи денеска и тоа со инаугуралниот натпревар од новата сезона во Првата лига. Вардар, првопласираниот тим од лани и несуден шампион, го пречека Борец на „Тоше Проески“ стадионот во Скопје.

Иако без публика, се слушаше навивањето од Комитите кои собрани пред стадионот им даваа поддршка на своите фудбалери. Оттука се поставува и прашањето која е логиката на стадионот со капацитет од 35 илјади гледачи да е забрането присуство на публика во ограничен број?

Студен туш за младиот и неискусен состав на Вардар стигна по само две минути игра кога на одлична асистенција на Бразилецот Фернанду Силва дус Сантус домашната мрежа ја затресе Србинот Никола Радовиќ.

Вардарци не се соземаа од шокот, а гостите создадоа уште неколку шанси. Кај двата тима се приметуваше големата пауза, а особено невоиграноста кај домаќините кои подготовките ги започнаа пред едвај недела дена. Имаше и Вардар по некоја шанса, особено топовскиот слободен удар на Дарко Мицевски во 56. минута кој гостинскиот голман Бурхан Мустафа одлично го одбрани.

Борец, пак, буквално се изнапромаши. Капитенот Никола Прелчец едноставно немаше среќа да постигне гол, а неколку шанси испушти и стрелецот на победничкиот гол, Радовиќ. Кон крајот на натпреварот, кога велешани требаше да ја заверат победата, до израз дојде и себичноста на напаѓачите кои наместо да додаваат, шутираа од неизградени позиции, нешто на што тренерот Горазд Михаилов ќе мора да поработи.

Национална Арена „Тоше Проески во Скопје“
Вардар - Борец 0:1 (0:1)
Голови: 2' Никола Радовиќ
Вардар: 25. Филип Илиќ; 22. Давид Велковски (67' 20. Стефан Лазаревиќ), 14. Стефан Наумчески (84' 7. Георг Стојановски), 5. Филип Најдовски (к), 21. Виктор Велкоски, 2. Анатолиј Петејчук (67' 34. Дејан Блажевски); 8. Дарко Мицевски, 48. Фитор Реџепи (46' 32. Бојан Најденов); 11. Матеј Цветановски, 9. Бојан Колевски (74' 19. Филип Петковски), 24. Јован Попзлатанов. Тренер: Александар Васоски.
Борец: 1. Бурхан Мустафа; 2. Филип Ристовски, 4. Оливер Стоименовски, 5. Стојан Стојчевски, 21. Никола Ристески, 8. Роберт Коцев, 14. Кристијан Ефтимов (87' 11. Марјан Ристовски), 24. Оливер Пеев (67' 18. Трајче Трајков), 10. Фернанду Силва дус Сантус (67' 20. Дарио Десниќ), 9. Никола Прелчец (к), 22. Никола Радовиќ (76' 23. Марио Станковски). Тренер Горазд Михаилов.
Жолти картони: Реџепи (В), Ристески, Коцев (Б)
Главен судија: Александар Ставрев (Скопје)
Помошници: Дејан Костадинов и Дејан Неделкоски (Скопје)
Четврти судија: Никола Костенчев (Скопје)

Велешкиот состав ги освои првите три бода во новата сезона и тоа со прва победа над Вардар на гости во клупската историја. Останатите пет натпревари од ова 1. коло се на програмата утре во истиот термин од 17:30 часот. Директен пренос МРТ1 и МРТ3 ќе вршат од натпреварот Шкупи - Шкендија, додека останатите натпревари ќе бидат стримувани на веб-страницата на ФФМ.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе