Борел предупредува: Ако Русија победи, ќе премине на следната цел

МИА/КАЈГАНА
/ 28.11.2022 / 09:40

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел смета дека војната меѓу Русија и Украина „можеби нема да заврши, туку ќе замрзне како војната во Кореја“ од пред 70 години.

„Во Кореја, двете страни постигнаа примирје и прекин на огнот со воспоставување линија на раздвојување. Ова може да биде излез од овој конфликт“, рече Борел (75), кој е и потпретседател на Европската комисија. Тој ова го изјави во Барселона, каде што учествуваше на настанот „Глобални кризи, европски одговори“ организиран од локалниот Центар за меѓународни односи (CIDOB), објави весникот La Vanguardia.

„Украина и Русија ќе мора да се повлечат од нивните сегашни позиции за да постигнат сценарио како она во Кореја“, рече Борел и додаде дека тоа значи оти Киев и Москва треба да престанат да бараат, бранат или освојуваат територија.

Договорот за примирје во Кореја, кој сè уште е во сила, беше потпишан во 1953 година од страна на Северна Кореја и САД, во улога на сојузник на Јужна Кореја. Договорот стави крај на воените операции, а требаше да биде основа за иден дефинитивен мировен договор, кој до денес не е реализиран.

Договорот воспостави демилитаризирана зона. „Но, премногу е рано да се размислува за (мировни) преговори“, истакна Борел, кој верува дека сега не е време двете страни да седнат на маса, исто како што не е време да се вложат напори во обнова на земјата.

„Сега мораме да се фокусираме на избегнување на уништување“, рече тој. Борел нема намера да предводи мировни преговори бидејќи, како што тврди, Русија не ја прифаќа Европската унија како посредник.

„Лавров секогаш претпочита директно да разговара со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ отколку со мене“, рече тој. Сепак, Борел забележува дека блокот од 27 земји мора да биде на преговарачка маса бидејќи „европските санкции се клучен елемент во какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.

Војната во Украина трае веќе девет месеци, што предизвика поскапување на храната, струјата и бензинот, погоди милиони жители на Европската унија и земји надвор од неа.

„Неопходно е да се најде решение за проблемите што ги предизвика војната. Не смееме да се умориме. Путин верува дека демократските општества се слаби поради постојаните дебати што се водат. Тој очекува јавноста да бара прекин на војната“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ.

Борел вели дека негова задача е да им покаже на неутралните земји во светот дека „Русија е негативец, а не санкциите на ЕУ“. Во групата на неутрални наречени Глобален Југ, најчесто се јужните земји како Индија, Пакистан и Кина, како и некои африкански и јужноамерикански земји.

„Бараат од мене да ја прекинам војната. Знам како да ја запрам: со запирање на испораката на оружје за Украина. Но, ако го прекинеме тоа снабдување, какви би биле последиците? Ако Русија победи во оваа војна, таа ќе продолжи кон следната цел“, заклучи тој.

Борел, кој е поранешен министер за надворешни работи на Шпанија, инсистира на дополнително вооружување на земјите од ЕУ.

„Европа мора да почне да се вооружува ако сака да остане на висината на задачата“, рече тој додавајќи дека земјите мора да се договорат кое оружје ќе се набавува за да не се „преклопуваат“.

„Сепак, таа динамика не може да продолжи бесконечно и неопходно е да се изгради систем кој би ја гарантирал безбедноста во Европа“, додаде Борел. Тој заклучи дека сегашниот посредник во конфликтот, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), не функционира.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе