Германскиот тенисер Борис Бекер во април беше осуден на две и пол години затвор поради финансиски малверзации, а по шест месеци зад решетки од Англија стигнаа загрижувачки вести за неговата состојба.
Оливер Мосер, адвокат на славниот тенисер, за Bild откри дека Бекер ослабел 8 килограми, но сепак уверува дека е во добра психичка состојба.
„Бекер и понатаму добро се држи имајќи ги предвид околностите во кои се наоѓа. Се навикна на секојдневието на затворскиот живот“, раскажа тој за германскиот весник.
Адвокатот претходно издејствува Бекер да биде преместен од озогласениот затвор Вандсворт во кој првично беше сместен.
Како што пишуваат Германците, Бекер е во посебна ќелија и често се дружи со останатите затвореници меѓу кои е дури и популарен. Практикува јога и медитира, што е веројатно совет даден од неговиот некогашен ученик Новак Ѓоковиќ.
Bild пишува дека Бекер има бројни привилегии во затворот, бидејќи е во дел во кој нема голем број чувари.