Борис Бекер осуден на две и пол години затвор поради финансиски измами

Германската тениска легенда Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор поради финансиски измами и ќе мора веднаш да се упати на издржување на казната, одлучи судот во Лондон.

На Бекер му се закануваше седумгодишна затворска казна поради обид во стечајната постапка да затаи пари и лични скапоцености, вклучувајќи тениски трофеи и недвижности.

Високиот суд во Лондон прогласи личен банкрот на Бекер во пролетта 2017 година, а во рамки на спогодбата германскиот тенисер беше должен да го обелодени целиот имот, што тој не го стори. Во време на банкротот долгот на Бекер беше проценет на 50 милиони фунти.

Шесткратниот грен-слем освојувач беше обвинет по вкупно 24 точки, а прогласен за виновен по четири од нив, меѓу кои и за трансфер на пари на поранешната сопруга Барбара по стечајот.

– Забележително беше дека не покажавте каење или прифаќање на вината, рече при читањето на пресудата судијката Дебора Тејлор, додавајќи оти Бекер половина од казната од две години и шест месеци ќе мора да ја отслужи „зад решетки“, а остатокот условно. 

Тагови
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Тенис

Циципас го истури гневот на тенискиот ракет

Read more

Новак Ѓоковиќ им оддаде почит на напаѓачите кои беа убиени во Косово

Read more

Бартоли: Ѓоковиќ да беше Американец ќе имаше споменик во секој град

Read more

Сведоштво на француска тенисерка: Тренерот ме силуваше 400 пати за две години

Read more
 

Спорт

Откриено колку Салах заработува неделно од сите договори

Читај повеќе
  • play_arrow

Ви реков да не се грижите - Мурињо среќен по победата над Фрозиноне

Читај повеќе

Во вторник почнува продажбата на влезниците за ЕУРО 2024 - најевтините се 30 евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Несекојдневна ситуација во Серија А: Главниот судија го фати грч

Читај повеќе

ВАР судиите кои го оштетија Ливерпул добија само два дена казна

Читај повеќе

Кениецот Киплагат победи на Скопскиот маратон, Дарио Ивановски го освои 3. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиер лигата призна: На Ливерпул му е поништен чист гол - објаснувањето е лудо

Читај повеќе

Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон

Читај повеќе
  • play_arrow

Канело го претепа противникот и ја одбрани титулата

Читај повеќе