Борусија го отпушти Нури Шахин по четвртиот последователен пораз

Борусија од Дортмунд објави дека го отпуштила тренерот Нури Шахин по синоќешниот пораз од Болоња во Лигата на шампионите.

Синоќа Борусија загуби во Италија со 2:1 во претпоследното коло во Лигата на шампионите и значително ги намали шансите за завршување на натпреварувањето меѓу осумте најдобри екипи кои директно ќе се пласираат во осминафиналето.

Згора на сѐ, поразот од Болоња беше со пресврт откако Бортусија водеше со 1:0 со голот од пенал на Серху Гираси во првиот дел, а фуриозните две минути на „Рособлу“ од 71. до 72. минута резултираа со голови на Тајс Далинха и Семјуел Илинг Џуниор за прва историска победа на Болоња во Лигата на шампионите.

Remote video URL

36-годишниот Сахин на почетокот од оваа сезона седна на клупата на великанот од Дортмунд, а на 27 натпревари во сите натпреварувања оствари 12 победи, 4 нерешени и 11 порази.

Поразот од Болоња беше четврти по ред за Борусија во сите натпреварувања, а на челниците на тимот од Дортмунд не им преостана ништо друго освен да му врачат отказ.

„Се надевавме на долгорочна соработка со Шахин бидејќи многу го цениме, верувавме до крајот дека може да ја сврти ситуацијата, но по четири последователни порази и само една победа во последните 9 натпревари ја загубивме вербата дека може да ги исполни целите за оваа сезона. Ние сме на само 10-тото место во Бундеслигата, па со тешко срце решив да ја прекинам соработката со Шахин“, изјави спортскиот директор на клубот, поранешната клупска легенда Ларс Рикен.

„За жал, не успеав да ги исполнам спортските цели на Борусија за оваа сезона. Му посакувам на клубот сѐ најдобро во иднина“, кратко изјави Шахин.

Борусија во најбрз можен рок ќе го објави името на неговиот наследник, соопштија од клубот од Дортмунд.

По пензионирањето во 2021 година Шахин ја водеше само Анталијаспор пред да седне на клупата на гигантот од Дортмунд, каде и ја почна играчката кариера.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Фудбал

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more

Премиер лигата експресно го казни Слот

Read more

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Read more
 

Спорт

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе

Премиер лигата експресно го казни Слот

Читај повеќе

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Читај повеќе