НБА 2024/2025

Бостон ја прекина неверојатната серија на Кливленд

Во 16-тиот настап оваа сезона во НБА, Кливленд Кавалирс го доживеа првиот пораз, а тоа беше пораз од 120:117 во домот на актуелниот шампион во Бостон Селтикс.

Шампионите до победата ги предводеше Тејтум со 33 поени, 12 скока и 7 асистенции, а го следеше Хорфорд со 20 поени и 7 скока, додека Вајт додаде 19 со 6 скока и 5 асистенции. Браун постигна 17 поени со 8 асистенции и 3 скока, а Причард натпреварот го заврши со 13 поени, 3 асистенции и 2 скока, додека двоцифрен беше и Холидеј со 11 поени, 5 скока и 4 асистенции.

Кај Кавс најдобар беше Мичел со 35 поени, 8 скока и 3 асистенции, додека Мобли додаде 22 со 11 скока и 6 асистенции. Портер го заврши мечот со 15 поени и по 3 скока и асистенција, додека Нианг додаде 11 со 4 скока и 3 асистенции, а двоцифрени беа и Ален и Џером со по 10 поени. Ален додаде 11 скока и 2 асистенции, а Џером имаше 5 асистенции.

Кливленд и нбатаму е севкуепн лидер со скор 15-1, а на Истокотѕ зад него е бранителот Бостон со скор 12-3

Лејкерс ја победија Јута Џез со 124:118 со брилијантната партија на Далтон Кнехт кој постигна 37 поени 5 пет скока, а Дејвис и Џејмс додадоа по 26. Дејвис додаде и 14 скока и 6 асистенции, а Џејмс 12 асистенции и 2 скока. Двоцифрен беше и Ривс со 17 поени 5 асистенции.

Кај „Џезерите“, Марканен постигна 25 поени и 8 скока, додека Секстон додаде 19 со 4 асистенции, додека Кларксон, Колинс и Џорџ постигнаа по 18 поени. Кларксон додаде 4 скока и 2 асистенции, Колинс 8 скока и исто така 2 асистенции, а Џорџ 6 асистенции.

Remote video URL

Ова е шеста победа во низа за Лејкерс, колку што има и Орландо Меџик. Тимот од Лос Анџелес е трет на Западот со скор 10-4.

Далас Маверикс го победи Њу Орлеанс Пеликанс со 132:91 со 26 поени и 5 скока и асистенции на Лука Дончиќ, додека Никола Јокиќ не настапи во гостинската победа на Денвер Нагетс над Мемфис Гризлис од 122:110.

Резултати:

Бостон Селтикс - Кливленд Кавалирс 120:117
Бруклин Нетс - Шарлот Хорнетс 116:115
Мемфис Гризлис - Денвер Нагетс 110:122
Далас Маверикс - Њу Орлеанс Пеликанс 132:91
Сан Антонио Спарс - Оклахома Сити Тандер 110:104
Лос Анџелес Лејкерс - Јута Џез 124:118

Табели:

реклама

Кошарка

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Read more

Клиперс во длабока криза, одлична ноќ за Џарен Џексон

Read more

Многу драма и малку вештини во победата на Лејкерс над Феникс

Read more

Јокиќ речиси не промаши и ги уништи Кингс

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе