НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ОФ ФИНАЛЕ

Бостон направи нов чекор кон титулата, ниту феноменалната игра на Дончиќ не му помогна на Далас

Бостон Селтикс синоќа во „ТиДи Гарден“ ја оствари втората победа во финалната серија во НБА против Далас Маверикс, а резултатот на семафорот гласеше 105:98.

Крајот на натпреварот не беше толку неизвесен како што сугерира резултатот, бидејќи Бостон постигна само 2 поена во последните 3 и пол минути, а Далас немаше шанси за пресврт.

На Далас не му помогна ниту фантастичната партија на Лука Дончиќ, Словенецот кој забележа трипл-дабл со 32 поена, 11 скока и 11 асистенции, а од поле шутираше фантастични 12/21.

Кајри Ирвинг повторно потфрли во дресот на Маверикс, шутирајќи лоши 7/18 и постигна 16 поени со 6 асистенции за соиграчите.

Бостон го предводеше фантастичниот плејмејкер Џру Холидеј со 26 поени и 11 скока, Џејлен Браун постигна 21 поен, а Џејсон Тејтум беше блиску до трипл-дабл со 18 поени, 9 скока и 12 асистенции.

Сега Бостон води со 2:0 во серијата која се сели во Далас, а Маверикс ќе бидат под притисок бидејќи и еден пораз во двата меча пред домашните навивачи веројатно би значел крај на нивните надежи за шампионската титула.

Првиот нареден натпревар се игра ноќта од среда кон четврток од 2:30 часот по македонско време, а директен пренос ќе оди на Arena Premium 1.

реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Кошарка

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Read more

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Сите за еден, еден за сите не важи во Бруклин: Не е чудо што се најлош тим во лигата

Read more

Неверојатниот Дончиќ се изедначи со легендата Вилт Чембрлејн

Read more
 

Спорт

Парадокс на Итихад: Вториот најдобар стрелец на Сити не ни игра за Граѓаните

Читај повеќе

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Читај повеќе

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе