НБА 2024/2025

Бостон од -26 до триумф во Филаделфија, Далас потопен од Кливленд

Кошаркарите на Бостон Селтикс надополнија минус од 26 поени и славеа во Филаделфија со 118:110. Во ноќта зад нас седмата последовна победа ја забележаа играчите на Мемфис Гризлис, а Кливленд Кавалирс со дури 43 разлика го потопи Далас Маверикс.

Актуелните шампиони, Бостон Селтикс, до 35-тата победа во сезоната дојдоа на спектакуларен начин. Се вратија од негатива од 26 поени и ја победија Филаделфија 76ерс.

Ги предводеше Џејсон Тејтум со 35 поени, од кои 13 постигна во четвртата четвртина, а имаше и 11 асистенции и 7 скокови.

Во победата придонесоа Џејлен Браун со 21 поен, 10 скока и 6 асистенции, Кристапс Порзињѓис со 18 поени и 7 скокови и Дерик Вајт со 17 поени и 9 асистенции.

Најефикасен во тимот на Филаделфија беше Тајрис Макси со 34 поени. Ова беше петти последователен натпревар на кој постигнува најмалку 30 поени, а 14-ти последователен натпревар со најмалку 28 поени. Во првото полувреме постигна 23 поени и имаше 6 асистенции.

Гершон Јабусуле додаде 21 поен и 6 скокови, Кели Убре 18 поени и 13 скокови, а Џастин Едвардс запиша 12 поени и 7 скокови.

Remote video URL

Мемфис Гризлис го совлада Милвоки Бакс со 132:119 и ја забележа седмата последователна победа во меѓусебните дуели.

Џерек Џексон беше најефикасен во победничкиот тим со 37 поени, а Санти Алдама постигна 23 поени и забележа 8 скока. Дезмонд Бејн додаде 22 поена со 9 скока, а Зек Иди имаше 14 поени со 11 скокови.

Милвоки последен пат го победи Мемфис на 19 јануари 2022 година.

Бакс го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари, а најефикасен беше Јанис Адетокунбо со 30 поени, 11 скокови и 7 асистенции.

Remote video URL

Далас Маверикс гостуваше во Кливленд, а веста за шокантното заминување на Лука Дончиќ очигледно ги погоди со оглед на тоа што доживеаја вистински дебакл.

Кливленд победи со дури 43 поени разлика (144:101) и го потврди статусот на најдобар тим во НБА во моментов.

Најефикасен беше Сем Мерил со 27 поени, а Еван Мобли и Дариус Гарланд запишаа дабл-дабл со 22 поена и 11 скокови, односно 17 поени и 10 асистенции.

Кај Далас 21 поен уфрли Џејден Харди.

Remote video URL

Резултати:

Детроит Пистонс - Чикаго Булс 127:119
Кливленд Кавалирс - Далас Маверикс 144:101
Торонто - Лос Анџелес Клиперс 115:108
Филаделфија 76ерс - Бостон Селтикс 110:118
Милвоки Бакс - Мемфис Гризлис 119:132

Табела:

реклама

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Кошарка

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Read more

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Сите за еден, еден за сите не важи во Бруклин: Не е чудо што се најлош тим во лигата

Read more

Неверојатниот Дончиќ се изедначи со легендата Вилт Чембрлејн

Read more
 

Спорт

Парадокс на Итихад: Вториот најдобар стрелец на Сити не ни игра за Граѓаните

Читај повеќе

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Читај повеќе

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе