НБА 2024/2025

Бостон сезонава растура на гости: Паѓа ли рекордот на легендарните Булс од 1995?

Бостон Селтикс синоќа го совлада Мемфис Гризлис со 117:103, соборувајќи го 50-годишниот рекорд на франшизата за последователни победи на гости. Актуелниот НБА шампион го забележа шестиот триумф во низа, а до славјето во „Федекс Форум“ ги предводеа Ал Хорфорд (26 поени) и Џејсон Тејтум (25 поени).

Бостон во претходниот период оствари гостински победи против Јута Џез, Портланд Треил Блејзерс, Сакраменто Кингс, Феникс Санс, Сан Антонио Спарс и сега Мемфис Гризлис, соборувајќи го рекордот на франшизата поставен во 1973 година, кој исто така го надмина успехот од сезоната 1974/1975 кога Селтикс ја завршија натпреварувачката година со 31 победа на гостувањата. Годинава тие веќе ја надминаа таа бројка (32), а ќе имаат шанса да го зголемат рекордот на уште два натпревара сезонава (против Орландо Меџик и Њујорк Никс).

Единствени пред нив (засега) се Голден Стејт Вориорс со 34 победи на гости во таа позната „сезона 73-9“ во 2016 година, како и легендарниот тим на Чикаго Булс, кој во ерата на Мајкл Џордан постигна 33 победи на гости во сезоната 1995/1996. Нивниот рекорд е исто така на праг на рушење доколку Бостон до крајот на сезоната оствари победи против Орландо и Никс (9 и 10 април).

„Одиме во вистинската насока во вистинско време. Се надеваме дека сите ќе се вратат здрави до почетокот на плејофот за да можеме да продолжиме со нашиот план. Речиси е време за војна“, рече инспирираниот Џејсон Тејтум по натпреварот додека го чека враќањето на Џејлен Брансон.

Бостон моментално е на второто место на Истокот со 54 победи и 19 порази, без шанси да го надмине Кливленд Кавалирс (60-15) на врвот на конференцијата, додека Њујорк фатално заостанува на третото место со речиси девет победи помалку од Селтикс.

реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кошарка

Минесота го декласираше Голден Стејт и израмни на 1-1, Грин го нокаутираше Рид

Read more

МекКинли Рајт – МВП на АБА лигата

Read more

Колку натпревари ќе пропушти Кари?

Read more

Тандер ги декласираа Денвер на Јокиќ со рекорд во плејофот на НБА

Read more
 

Спорт

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Читај повеќе

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Читај повеќе

Дејвид Бекам и Гари Невил станаа сопственици на Салфорд Сити

Читај повеќе

Арон Ван-Бисака смени спортски пасош: Ќе игра за ДР Конгo

Читај повеќе