Ботас за прв пат во кариерата ќе настапи на Трката на шампиони

Ф1
МИА / КАЈГАНА
/ 21.09.2021 / 12:29

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе учествува на Трката на шампиони за прв пат во својата кариера бранејќи ги боите на својата татковина, соопшти прес-службата на натпреварувањето.

Тој ќе се бори за титулата Шампион на шампионите и ќе ја претставува Финска на Купот на нации.

„Со нетрпение очекувам конечно да се натпреварувам во Трката за шампиони. Го гледав овој натпревар на ТВ многу години. Фактот дека овој пат трките ќе се одржат на снег и мраз ги прави уште поинтересни. Учествував на Арктичкото рели неколку пати и се надевам дека ова искуство ќе ми помогне да ги победам силните противници, особено нашите северни соседи, претставници на Шведска и Норвешка, со цел да придонесам за подобри резултати на Финска во Купот на нации“, изјави Ботас.

Последен пат Финска го освои Купот на нации во 2006 година. Трката на шампионите е меѓународен натпревар во автомобилски трки во кој се натпреваруваат пилоти од различни серии како Ф1, Рели, ИндИкар, НАСКАР и други.

Поради пандемијата годинава трката не се одржа, додека минатата година имаше сами виртуелен настап. Последен пат се возеше во 2019 во Мексико Сити како победи домашниот рели возач Бенито Гера, а во Лигата на нации победија Шведска и Данска под здружени сили како Нордиски тим.

Швеѓанецот Јохан Кристоферсон на последното издание

Овој пат турнирот ќе се одржи во февруари 2022 година во Шведска во близина на Арктичкиот круг.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе