Браќа Манаки со престижна награда од Британското здружение на кинематограферите

Британското здружение на кинематограферите (BSC) ја додели својата специјална награда за достигнување (Special Achievement Award) на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Признанието му беше врачено на свечена церемонија во Лондон на директорот на фестивалот, Симеон (Мони) Дамевски.

На оваа церемонија се доделуваат годишните награди на BSC за животно дело, за кинематографери на студентски, краткометражни и долгометражни филмови, серии и технолошки достигнувања. Настанот е еден вид британски Оскари за луѓе од кинематограферската и сродните професии.

Оваа награда претставува исклучителна чест за фестивалот, кој веќе четири и пол децении ја слави уметноста на кинематограферите и ја истакнува нивната клучна улога во создавањето на филмската магија.

Како најстар фестивал во светот посветен исклучиво на кинематограферите, „Браќа Манаки“ го носи наследството на Јанаки и Милтон Манаки, првите филмски хроничари на Балканот, чие дело ги постави темелите на визуелното раскажување во регионот.

Британското здружение на кинематограферите, едно од најголемите и најзначајни професионални здруженија во светската филмска индустрија, ја доделува оваа награда како признание за поединци или групи поединци што посветено ја слават кинематографијата и придонесуваат за нејзината афирмација. Во образложението на Британското здружение на кинематограферите (BSC) се истакнува дека фестивалот „Браќа Манаки“ не само што ја негува оваа уметничка форма туку и претставува платформа за нови генерации кинематографери, кои со својата визија ја обликуваат иднината на светската кинематографија.

Битола, родното место на браќата Манаки, повеќе од еден век е симбол на визуелната уметност и дом на овој значаен фестивал. Прекрасна коинциденција е што токму во Лондон, градот од каде што браќата Манаки ја набавија својата легендарна камера „урбан биоскоп“, произведена со сериски број 300, денес фестивалот што го носи нивното име добива вакво признание.

„Битола е нашата вечна инспирација, градот во кој светлината и сенките танцуваат во хармонија создавајќи приказни што го надминуваат времето. Лондон, пак, е местото каде што нашите предци ја пронајдоа алатката за оваа магија –  нивната камера ‘урбан биоскоп 300’. Денес, со ова признание се затвора кругот меѓу двата града поврзани преку љубовта кон филмот и уметноста на кинематографијата“, вели директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон (Мони) Дамевски.

реклама

Култура

Објавен Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век од Славчо Ковиловски

Read more

Почина поетесата Славица Гаџова Свидерска

Read more

Доксиадис и Скопје – изложба што ја враќа приказната за обновата по земјотресот во 1963

Read more

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Read more
 

Вести

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Читај повеќе

Објавен Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век од Славчо Ковиловски

Читај повеќе
  • play_arrow

Руската елитна единица Рубикон ја уништува клучната предност на Украина: Многу е опасно да се биде оператор на дронови

Читај повеќе
  • play_arrow

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Читај повеќе

Унгарија и Словачка би можеле да ја блокираат иницијативата за запленување на замрзнатиот руски имот поради корупцискиот скандал во Киев

Читај повеќе

Колумбискиот претседател: Трамп е варварин

Читај повеќе

Бевме на работ на војна со Северна Кореја: Шокантно откритие на јужнокорејските обвинители

Читај повеќе
  • filter

Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: Десетици повредени

Читај повеќе

Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода

Читај повеќе