1.МФЛ 2020/21

Братучедите Брчкови нови сопственици на ФК Борец

Фудбалскиот клуб Борец засега ги реши проблемите и доби нови сопственици и тоа двајца велешки братучеди.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, крилниот центар Владимир Брчков, заедно со неговиот братучед Марио Брчков, кој е бизнисмен, се нови сопственици на Борец откако Кочо Анѓушев се повлече и го остави клубот.

„Идејата е на мојот братучед Марио, кој ме побара да му помогнам бидејќи сметаше дека моите конекции и искуство во професионалниот спорт ќе помогнат многу. Го сакам Велес, го сакам фудбалот и сметам дека велешани заслужуваат да имаат свој клуб во Првата лига“, вели Брчков за Велес365, веб-страница која и ја пренесе веста за новото сопствеништво.

31-годишниот Брчков е роден велешанец, во неговата кариера има настапувано за Ангели Леов, Работнички, Торус, Фени, Кожув, Струмица, Тирана, а моментално игра во својот Борец.

Бркови купиле 2.500 акции од Борец по цена од 805 денари по акција.

Досегашниот сопственик Анѓушев се повлече од клубот откако влезе во војна со локалниот велешки Општински фудбалски сојуз и ФФМ, а потегот го направи во знак на револт.

Фер од негова страна е што на новите сопственици клубот им го остави со чисти сметки без никаков долг. Но, она што е лошо за клубот е фактот што овие турбуленции се случија за време на зимскиот преоден рок кога поради откажувањето на Анѓушев клубот го напуштија низа првотимци, а преодниот рок заврши и Борец сега мора да избори опстанок со оние играчи кои во моментов ги има.

Спорд анализата на MacedonianFootball, Борец зимава го напуштиле Марио Станковски, Бурхан Мустафа, Марјан Ристовски, Никола Прелчец и Никола Ристески во Работнички, Оливер Пеев во Беласица, Никола Радовиќ во српски Младост, Михаило Митров во виничка Слога, Дарио Десниќ во Скопје, Стојан Стојчевси во Македонија ЃП, додека Филип Трајановски и Оливер Стоименовски си заминале и сѐ уште се во потрага по нов клуб.

Оние играчи кои дојдоа беа донесени како слободни играчи, а се работи за Лука Трајковски и Ванче Шиков од Тиквеш, Еди Баша од грчки Астерас, Александар Мишов и Мартин Талаков од Академија Пандев, Анес Османоски од Брегалница, Филип Мишевски од Македонија ЃП, Азер Омерагиќ од сплитски Хајдук и голманот Андреја Ефремов кој пак со месеци беше без клуб. Претходно во Борец дојдоа уште неколкумина фудбалери, но откако Анѓушев се откажа и тие се премислија и заминаа во други клубови.

Борец има и нов тренер во името на Борче Христов.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе