Познатиот актер Бредли Купер беше фотографиран во Њујорк додека се шеташе со својата ќерка, а неговиот нов имиџ го привлече вниманието на фановите.
Имено, на фотографиите актерот ја нема внимателно стилизираната фризура на која се навикнати женските фанови ширум светот, а поинаку ја средил и брадата, поради што многумина го исмејуваат на Х.
Фризурата на Бредли изгледа запоставено, а на фотографиите делува како да му недостига дел од брадата, па неговиот нов имиџ беше причина многумина да го исмеваат.
„Имаме прашања“, „Чудна брада“, „Што по ѓаволите?“, „Дали некој му кажал дека изгледа како кретен?“, се само дел од коментарите на Х за необичната брада на Купер.
Инаку, актерот пред неколку месеци потврди дека е во врска со манекенката Џиџи Хадид, кога беа фотографирани како шетаат во Лондон фатени за раце.
Гласините за нивната врска се појавија во октомври минатата година, откако неколку пати беа видени заедно. Двојката долго време се обидуваше да ја сокрие врската, а еден период тајно беа во куќа на Род Ајленд, која е во сопственост на нивната пријателка, пејачката Тејлор Свифт.