Брејди пак оди во пензија, овој пат - жими мајка

Том Брејди најави заминување во пензија, како што сам кажа „овој пат навистина“.

Со видео снимено лично од него, 45-годишниот квотербек Том Брејди денеска објави дека дефинитивно заминува во пензија. 

„Добро утро на сите, веднаш ќе преминам на главното. Заминувам во пензија. За стално. Знам дека минатиот пат ова предизвика голема врева. Кога утринава се разбудив ми дојде само да го притиснам копчето за снимање и вие први да дознаете. Во пензија со толку емоции може да се замине само еднаш, а јас тоа веќе го искористив лани. Ви благодарам на сите, на секој од вас. На семејството, пријателите, соиграчите, противниците, можам вечно да набројувам бидејќи има премногу. Фала ви на сите што ми овозможивте да го живеам мојот сон. Не би менувал ништо. Ве сакам сите“, рече Брејди, споделувајќи го видеото на социјалните мрежи.

URL

По 23 неверојатни сезони, 7 освоени Супербоул пехари и 3 награди за најдобар играч на сезоната, 5 пати МВП на Супербоул, бројни поставени и срушени рекорди, денеска завршува една ера.

Том Брејди се пензионира. Во тие 23 години (2000-2022) Брејди одигра 365 натпревари, од играч кој речиси никој не го приметуваше на драфтот стигна до статус на легенда. Влезе во драфтот во 2000 година како играч за кого клубовите сметаа дека нема светла иднина.

Њу Инглад Петриотс го прескокнаа во третата рунда на драфтот, но и понатаму беше достапен во шестата, како 199-ти. Петриотс потоа го одбраа и покрај фактот што веќе имаа на располагање три квотербека, вклучително и големиот Дру Бледсоу.

Кога прв пат го запозна сопственикот на клубот, Роберт Крафт, храбро му се претстави како „најдобрата одлука што неговата франшиза ја донела“. Брејди во Њу Ингланд остана до 2019 година и на клубот му донесе 6 Супербоул титули (2001, 2003, 2004, 2014, 2016, 2018). Последните три сезони ги мина во тимот на Тампа Беј Буканирс, со кои ја освои седмата (2020).

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе