Бритни Спирс судски бара татко ѝ да нема контрола врз нејзиниот личен живот

Кариерата на „Принцезата на поп-музиката“ е во рацете на законски старатели, откако таа имаше прилично јавна криза на менталното здравје пред 12 години.

Бритни Спирс сега судски бара да не не му биде вратена улогата на законски старател на татко ѝ, што му даваше контрола врз многу аспекти на нејзиниот приватен живот и кариера. Минатиот септември, татко ѝ Џејми Спирс се повлече од оваа улога, наведувајќи здравствени причини. Судија потоа ја назначи Џоди Монтгомери на неговото место, како „менаџер на нега“ за Бритни Спирс.

Спирс почна да се однесува неконтролирано во 2007 година, по разводот од Кевин Федерлајн во кој го изгуби старателството врз нивните две деца. Голем дел од нејзините наводни „нервни сломови“ се случија пред очите на медиумската јавност: Бритни се најде на насловните страници на таблоидите кога си ја избричи косата и беше фотографирана како удира со чадор по автомобилот на папарацо фотограф. Поп-пејачката имаше и неколку обиди за почнување психотерапија во установа.

Деталите од договорот за законско старателство врз полнолетно лице никогаш не беа објавени за јавноста, но познато е дека Спирс има ограничувања на автономијата. Бритни Спирс нема контрола врз нејзините финансии и кариерни одлуки од 2008 година наваму, согласно договор што во законите на САД се нарекува „conservatorship“. Според овој договор, таткото и адвокатот на Спирс менаџираа со нејзините финансии и личен живот, вклучувајќи забрана за посетители и комуникација со докторите во врска со нејзината терапија.

Remote video URL

Сега Бритни бара судски да се оневозможи да му се вратат на татко ѝ овие ингеренции и поднесе барање до Врховниот суд на Калиформија во Лос Анџелес. Триесет и осумгодишната пејачка бара само Монтгомери да остане одговорна за нејзините лични и бизнис работи, откако ќе истече продолжението на договорот на 22 август.

Во судските документи стои дека сега е време са се сменат некои основни постулати во договорот, согласно промените во нејзиниот начин на живот и нејзините желби.

Исто така се наведува дека Спирс не планира наскоро да се врати на настапи. Последен пат таа настапи во живо во октомври, 2018 година, а потоа ги откажа редовните настапи за 2019 во Лас Вегас, како причина наведувајќи го влошеното здравје на татко ѝ, најгасувајќи дека „најважно е секогаш да го ставате семејството на прво место“.

Сослушувањето за новиот договор е закажано за денеска.

Обожаватели на Бритни Спирс минатиот месец организираа кампања #FreeBritney (#ОслободетеЈаБритни) и протестираа пред судот во Лос Анџелес каде преку интернет видеоврска Спирс (38) беше сослушана во врска со иднината на нејзината финансиска иднина, личниот живот и менталното здравје. Фановите на пејачката и претходно изразувале загриженост за нејзината добросостојба и слобода.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе