„ГАЛЕБ“ ЌЕ БИДЕ ПРЕТВОРЕН ВО МУЗЕЈ

Бродот на Тито се реновира: Трансформација вредна 6,6 милиони евра

Бродот „Галеб“ на Јосип Броз Тито вчера беше донесен во бродоградилиштето Далмонт во Краљевица каде ќе биде реновиран и претворен во музеј.

Вкупната сума што ќе се потроши за ова обновување и разубавување ќе изнесува 6.645.750 евра.

Овој број беше закотвен во Порто Барош во Риека од средината на 2013 година, потсетува Index.hr.

Изграден во далечната 1938 година во Џенова, бродот првично се викал „Рамб Трети“ и се користел за транспорт на банани.

Потоа, во почетокот на Втората светска војна бил користен како воен брод, а во 1943 година го презеле Германците кои до крајот на војната го користеле за поставување мини.

Набрзо по крајот на Втората светска војна бродот бил потопен во пристаништето во Риека. Откако поминал три години под вода, бил извлечен и преименуван во „Галеб“.

Претседателот на Југославија Јосип Броз Тито често престојувал на бродот и пловел со него. „Галеб“ служел како амбасада и место каде Маршалот ги забавувал неговите моќни и славни гости од светот на политиката и шоубизнисот, меѓу кои и Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.

Како претседател на Југославија, Тито со „Галеб“ обавил 49 патувања до четири континенти, вклучувајќи ја државната посета на Велика Британија во 1953 година, каде бил првиот комунистички лидер кој по војната се сретнал со Винстон Черчил.

Бродот исто така бил инкубатор за една од идеите на Тито – Движењето на неврзаните.

По распадот на Југославија, бродот бил предаден на грчки бродосопственик, а потоа бил откупен од управата на Град Риека.

Сега ќе се обновува во склоп на проектот „Риека 2020“ и се проценува дека реновирањето ќе биде завршено за 14 месеци.

„Галеб“ ќе биде трансформиран во музеј во кој ќе биде претставена историјата на бродот од 1938 до 1990 година, како и улогата на Тито во неговата приказна и патувањата на Маршалот.

Договорот за обновување го потпишаа градоначалникот на Риека, Војко Оберснел и претседателот на Управниот одбор на Далмонт, Иван Ивиќ.

„Сигурен сум дека Галеб ќе биде една од најголемите туристички атракции во Риека“, истакна Оберснел.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе