Бројот на активни ковид случаи се намали под 500

Бројот на новозаболени од COVID-19 во државава се намалува, активни се 451  случај, а вакцинацијата, според надлежните, се одвива непречено во сите пунктови.

Во текот на вчерашниот ден пристигнаа 30.000 вакцини Sinovac, како донација од Турција. Тие, како што најави ресорниот министер Венко Филипче, во најбрз рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови во државата.

Во објава на Facebook Филипче изрази голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таjип Ердоган за поддршката, но пред сè, за експресната испорака на ветената количина.

Од МЗ истакнуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Досега вкупно 444.898 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „vakcinacija.mk“.

Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 отсто од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Согласно Националниот план за имунизација се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата „vakcinacija.mk“, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата, и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Бројот на новозаболени од вирусот и вчера беше двоцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 28 случаи на заболени од COVID-19. Пет лица починаа, а оздравеле 23 пациенти. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера беа направени вкупно 2.619 тестирања, а регистрираните нови случаи се од Скопје – 16, Куманово – девет Тетово – двајца, и еден во Прилеп.

Според податоците што ги објави вчера МЗ за претходното деноноќие, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 125 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите. Во ковид центрите во Скопје немало хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а 48 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 77 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155 469. Бројката на оздравени пациенти е 149.551, а починаа 5467.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе